Масовни протести во Тунис поради недостиг на вода и струја
Екстремните горештини и температурите до 50 степени предизвикаа прекини во снабдувањето со вода и електрична енергија во Тунис. Незадоволството ги изнесе граѓаните на улица, со барања за подобри основни услуги, пониски трошоци за живот и поголеми слободи.

Масовни протести во Тунис поради недостигот на вода и електрична енергија, влошен од екстремните горештини. Демонстрантите бараат подобри основни услуги, пониски трошоци за живот и поголеми слободи, а дел од нив побараа оставка од претседателот Каис Саид.
„Ја бранам мојата земја бидејќи гледам дека оди кон бездна. Земјата удри во ѕид: нема вода ни електрична енергија“, изјави Јусеф Хлели, демонстрант.
Температурите во делови од земјата достигнаа околу 50 степени, што ја зголеми побарувачката за струја и предизвика прекини во снабдувањето со вода.
