Македонија

Сиљановска-Давкова на свеченото отворање на Медитеранските игри во Италија

21.08.2026 09:43

Сиљановска-Давкова ќе го посети Медитеранското олимписко село и ќе се сретне со македонските спортисти, а попладне ќе присуствува и на приемот што го приредува италијанскиот претседател Серџо Матарела за шефовите на делегациите.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Таранто, Италија, каде годинава настапуваат 90 македонски спортисти.

Сиљановска-Давкова ќе го посети Медитеранското олимписко село и ќе се сретне со македонските спортисти, а попладне ќе присуствува и на приемот што го приредува италијанскиот претседател Серџо Матарела за шефовите на делегациите.

За македонските спортисти ова е четврто учество на Медитеранските игри од осамостојувањето. Делегацијата од 90 спортисти ќе се натпреварува во повеќе индивидуални и колективни спортови.

Свеченото отворање на Медитеранските игри следете го во живо на МРТ1 од 20:00 часот.