МВР

Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

21.08.2026 10:11

Патниците коишто направиле прекршок се издвојуваат на посебен шалтер, испраќаат скенирани документи и податоци и добиваат линк за праќање онлајн со платежна картичка.

Од изутринава МВР воведе плаќање преку интернет на казните за прекршоци за странските државјани.

Патниците коишто направиле прекршок се издвојуваат на посебен шалтер, испраќаат скенирани документи и податоци и добиваат линк за праќање онлајн со платежна картичка. За премин на границата, странските државјани коишто направиле сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“ покажуваат само потврда за платена казна на полициските службеници.