Тенис

Алкараз се враќа на УС Опен

21.08.2026 09:56

„Се гледаме во Њујорк“, објави шпанскиот тенисер, потврдувајќи го настапот на последниот Гренд слем турнир сезонава.

Карлос Алкараз ќе настапи на УС Опен без претходно одигран натпревар поради повеќемесечната пауза, а во Њујорк ќе ја брани титулата освоена минатата година.

„Се гледаме во Њујорк“, објави шпанскиот тенисер, потврдувајќи го настапот на последниот Гренд слем турнир сезонава.

Алкараз последен пат настапи во Барселона, каде поради повреда го прекина турнирот. Поради проблемите со повредата ги пропушти и Ролан Гарос, Вимблдон, како и турнирите во Монтреал и Синсинати.

Шпанецот минатата година го освои УС Опен со победата над Јаник Синер во финалето, а неговиот настап во првото коло годинава ќе биде во центарот на вниманието.