Епидемија

Расте бројот на заболени од западнонилска треска

21.08.2026 10:29

Вирусната инфекција е потврдена кај уште четири лица од Центар, Студеничани и Кисела Вода, со тоа бројот на случаи се искачи на 42.

Епидемијата со западнонилска треска се движи во нагорна линија. Вирусната инфекција е потврдена кај уште четири лица од Центар, Студеничани и Кисела Вода, со тоа бројот на случаи се искачи на 42.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 22-ца, од нив петмина во потешка состојба. Најголем дел од заболените се постари од 60 години, еден случај е на 25-годишна возраст, засега нема заразени деца.

Здравствените власти почнаа да им испраќаат СМС пораки на повозрасните граѓани кои живеат во општините каде што е прогласена епидемија со информации како да се заштитат од комарци и кога да побараат лекарска помош. Предвидено е овие пораки да стигнат до околу 38.500 жители.

Во наредниот период фокус ќе биде ставен на лоцирање на застојаните води во општините каде има епидемија и прскање од земја во тие места.

Досега од компликации од западнонилска треска починаа четири лица од Скопје.