Македонија

Водата во Демир Капија исправна, се чека трета анализа

21.08.2026 11:17

Забраната за пиење издадена од АХВ сè уште е во сила, до добивањето на третата анализа.

Анализите на водата од водоводот на Демир Капија, земени во понеделникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, како и анализата доставена во Институтот за јавно здравје, покажуваат дека водата е исправна за пиење.

Сепак, забраната за пиење издадена од АХВ сè уште е во сила, до добивањето на третата анализа и официјалното укинување на забраната од страна на надлежната институција.