Просечната нето-плата во јуни 48.381 денар, раст од 6,4 отсто за една година
Најголем раст на просечната нето-плата на годишно ниво е регистриран во административните и помошните услужни дејности од 10,6 отсто, земјоделството, шумарството и рибарството од 8,1 отсто и транспортот и складирањето од 8 отсто.

Просечната месечна исплатена нето-плата во јуни изнесувала 48.381 денар, што е зголемување од 6,4 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Најголем раст на просечната нето-плата на годишно ниво е регистриран во административните и помошните услужни дејности од 10,6 отсто, земјоделството, шумарството и рибарството од 8,1 отсто и транспортот и складирањето од 8 отсто.
Во однос на мај годинава, пак, намалување на просечната исплатена нето-плата е забележано во трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли за 9 отсто, во уметноста, забавата и рекреацијата за 6,2 отсто и во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,9 отсто.
