Министерот Ивановски на Светскиот самит за информатички технологии во Мексико

29.09.2014 13:06

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на Светскиот самит за информатички технологии 2014, кој од денеска до среда  се одржува во  Гвадалахара во Мексико. Тој ќе има обраќање на две панел дискусии – „Иднината на широкопојасниот интернет“ и „Отворени податоци за транспарентна влада“, a исто така ќе одржи и презентација пред ИКТ комората на Мексико.

Инаку, на самитот учествуваат 50 излагачи и околу 2.500 делегати од 80 земји, владини и академски претставници, извршни директори на ИКТ компании, медиуми, невладини организации, како и водачи на корпорации, кои ќе дебатираат  за новите информатичкип редизвици  на глобално ниво