Формула 1

Титула, ама и Ла Ферари

24.12.2013 14:54

Уште со ангажирањето на Кими Раиконен за претстојната сезона беше јасно дека ривалството меѓу возачите во Ф1 тимот на Ферари ќе биде големо. Сега во битката за престижната титула во Ф1, двајцата возачи ќе имаат и дополнителен мотив- најбрзиот патнички автомобил од фабриката во Маранело-Ла Ферари.

И покрај тоа што сите 499 примероци на хибридниот суперавтомобилот  се однапред продадени, тимот од Маранело реши да изработи уште еден што ќе му припадне на возачот што ќе ја освои шампионската титула со болидот на Ферари.

Елегантното „чудовиште“на 4 тркала го придвижува 6,3 литарски мотор со 800 коњски сили и дополнителни 163 КС од електричниот агрегат. Безмалку 1000 КС даваат забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 3 секунди и максимална брзина од над 350  километри на час. Задоволство што чини околу 1 милион евра.