АМСМ

Чекање до еден час на Табановце и Богородица, зголемен сообраќај на патиштата

22.08.2026 10:06

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

На граничните премини Табановце и Богородица има зголемено време на чекање, информираат од АМСМ. На Табановце за влез и излез, а на Богородица за излез од државата, се чека од 40 минути до еден час.

Според информациите од Автомото сојузот на Македонија, на останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Зголемен е и интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.

Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони. На ризик се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.