Македонија

27 пожари на отворено во изминатото деноноќие, девет се активни

22.08.2026 10:20

Активни пожари има во Студеничани, Македонски Брод, Кичево, Липково, Крушево, Врапчиште, Желино, Тетово и Прилеп.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 27 пожари на отворен простор. Девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Студеничани, Македонски Брод, Кичево, Липково, Крушево, Врапчиште, Желино, Тетово и Прилеп.

Најголем дел од пожарите се регистрирани во близина на населени места и во планински и шумски предели.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње, во правец кон Црна Река.

Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите се следи и дека надлежните служби интервенираат според потребите.