Свет

САД и Канада не постигнаа договор, царините стапуваат во сила

22.08.2026 11:11

Администрацијата на Трамп соопшти дека царините кои се однесуваат на стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.

САД и Канада не постигнаа трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за одредени канадски производи. Администрацијата на Трамп соопшти дека царините кои се однесуваат на стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.

Карни пак, објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз.

„Бидејќи САД воведуваат царини од 50%, ние ќе ги усогласиме тие царини долар за долар за да ги заштитиме нашите интереси и бизниси“, нагласи Марк Карни, премиер на Канада.