Западнонилска треска се шири низ Европа, најмногу случаи во Италија и Грција
Случаи се пријавени во Македонија, Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Романија, Србија и други земји. Најмногу случаи, односни 311, се регистрирани во Италија, по што следи Грција со 157 случаи.

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот „Западен Нил“ од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Случаи се пријавени во Македонија, Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Романија, Србија и други земји. Најмногу случаи, односни 311, се регистрирани во Италија, по што следи Грција со 157 случаи.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести повика земјите во Европа да го зајакнат својот капацитет за контрола на комарци, со прекугранична соработка и интегриран пристап што вклучува следење на популациите на комарци, информирање на јавноста и целни мерки за контрола, земајќи го предвид влијанието врз животната средина.
Според Светската здравствена организација, не постојат одобрени вакцини за луѓе или специфични третмани за инфекција со вирусот „Западен Нил“.
