Македонија

Шеснаесет пливачи на 39. Охридски пливачки маратон

22.08.2026 09:55

На маратонот ќе учествуваат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина.

Шеснаесет маратонци од осум земји денеска ќе се натпреваруваат на 39. Охридски пливачки маратон. На 25-километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид ќе настапат 11 пливачи во машка и пет во женска конкуренција.

На маратонот ќе учествуваат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина.

Македонија ќе ја претставуваат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Стартот е предвиден во 11 часот од Свети Наум, а пливачите се очекува да пристигнат на целта во Охрид по околу пет часа, во зависност од условите на патеката.

Наградниот фонд изнесува 15 илјади долари, а наградите ќе бидат распределени меѓу најдобрите во машка и женска конкуренција.

Охридскиот пливачки маратон има традиција од 1954 година, а од обновувањето во 1992 година се плива на патеката „Климе Савин“. Рекордер по бројот на победи е бугарскиот пливач Петар Стојчев со 11 триумфи. Во современата историја, првиот македонски победник е Евгениј Поп Ацев, кој триумфираше во 2015 година.

Преносот во живо на МРТ1 следете го од 15:00 часот.