Трамп: Го сметам Ормускиот теснец за американска територија
Вашингтон се обидува финансиски да го притисне Техеран, ограничувајќи го пристапот до Ормускиот теснец, клучен воден пат за извозот на нафта од земјата.

САД и Иран не успеаја да постигнат мировен договор. Вашингтон се обидува финансиски да го притисне Техеран, ограничувајќи го пристапот до Ормускиот теснец, клучен воден пат за извозот на нафта од земјата.
Трамп изјави дека го смета теснецот за „американска територија“ и посочи дека Иран бара договор со САД, додека конфликтот продолжува.
За Техеран пак, најавената американска економска војна, би претставувала прекршување на меѓународното право.
„Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје. Тие толку многу сакаат да склучат договор. Ние дури и не знаеме дали го сакаме тоа, бидејќи јас го сметам Ормускиот теснец за американска територија во моментов“, нагласи Трамп.
