Македонија

После 25 години нови озонатори во струмичката фабрика за вода

22.08.2026 15:42

Струмичките советници донесоа ребаланс на Буџетот со кој се издвоија повеќе пари за набавка на нови озонатори за струмичката филтер станица. Речиси половина милион евра ќе се инвестира со во фабриката со цел струмичани имаат поквалитетна вода за пиење.

До крајот на годината ќе се инсталираат нови озонатори во станицата за преработка на водата во Струмица, за што Советот на Општина Струмица донесе ребаланс на Буџетот. Околу половина милион евра се планира да бидат потрошени во обнова на опремата во филтер станицата, кажа градоначалникот Петар Јанков.

Струмичани со поделени мислења. Едни велат дека водата во градскиот водовод е квалитетна, други не, а трети дека постојано се шират лажни вести.

Од Комуналец велат дека водата во Струмица е безбедна и ги исполнува критериумите за здрава вода за пиење.

Ване Трајков