МВР

Над 310 илјади прекршоци регистрирани досега преку „Безбеден град“

22.08.2026 17:57

Над 310 илјади сообраќајни прекршоци се евидентирани преку системот „Безбеден град“ од неговото пуштање во употреба во февруари годинава. Најголем дел од нив, над 301 илјада, се за возење со брзина поголема од дозволената.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 2 февруари до 20 август 2026 година, системот евидентирал вкупно 310.865 прекршоци.

Од нив, 301.835 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

Значителен број прекршоци се регистрирани и кај возила со странски регистарски ознаки. Од почетокот на функционирањето на системот досега се евидентирани 180.378 прекршоци, а само во периодот од 19 до 20 август се регистрирани 5.514 прекршоци од возила со странски таблици.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да придонесат за поголема безбедност на патиштата.