Петмина починати од западнонилска треска, четворица во тешка состојба
Нова жртва на западнонилската треска во земјава. 73-годишен пациент од Лисиче починал на Инфективната клиника по 22 дена хоспитализација. Лекарите апелираат на заштита од комарци, особено во периодот кога нивната активност е најголема.

Нова, петта жртва на вирусот западнонилска треска. На скопска Инфективна почина 73 годишен пациент од Лисиче кој 22 дена бил хоспитализиран и во тешка состојба, информираше директорот Цана. Пациентот бил на механичка вентилација и имал и придружни заболувања.
4-ца пациенти, велат од Клиниката се во тешка состојба. Најмладиот хоспитализиран има 25 години. До сега се излекувани 19 луѓе. Лекарите велат дека 80 насто од инфицираните немаат симптоми, додека останатите манифестираат лесна клиничка слика. Само еден насто од нив завршуваат со тешко воспаление на мозокот.
Лекарите апелираат граѓаните да се мачкаат со средства кои спречуваат убод од комарци, да носат лесна облека со долги ракави, да ги заштитат со мрежи вратите и прозорците и да престојуваат покрај застоена вода.
Во меѓувреме и општините со засилени акции – порачуваат граѓаните со голи раце да не допираат угинати птици.
Анита Димитријевска – Велковска
