Македонија

Дваесетина пожари беснеат низ земјава – најсериозно кај Струмица, Студеничани и Желино

22.08.2026 16:22

На повеќе локации во земјава се регистрирани дваесетина пожари, а дел од нив се посериозни. Од Дирекцијата за заштита и спасување апелираат на зголемена внимателност при престој на отворено и смируваат дека нема место за паника.

На територијата на Македонија регистрирани дваесетина пожари на повеќе локации. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека дел од пожарите се посериозни, особено оние кај Струмица, Студеничани и Желино. Апелираат на зголемена претпазливост при движење и престој на отворено, но и да не се создава непотребна паника.

Во периодот од 1999 до 2023 година, Македонија имала годишен просек од 205 шумски пожари, во коишто биле уништувани околу 8.500 хектари шума годишно.

Комбинацијата од екстремна топлина, суша и климатските промени го зголемува ризикот од пожари и во цела Европа. Според европскиот информациски систем за шумски пожари, до 19 август во Европа изгореле околу 620.000 хектари шума.

Марија Котовска