Ќе паѓаат ли сметките за струја?
Екстремно топлото време и климатските промени вистински предизвик по глобалната енергетика. Каква е состојбата во моментов во Македонија и колку глобалните ризици може да влијаат на домашниот енергетски пазар?

Европа се мобилизира за справување со енергетска криза под притисок на горештините и испразнетите акумулации, во државава надлежните уверуваат- состојбата се држи под контрола.
Зголеменото домашно производство на струја, особено од фотоволтаичните централи, создава простор за пониски трошоци за домаќинствата, но тоа не значи дека ќе се поевтини веднаш.
Домашното производство во моментот покрива 88,8% од потрошувачката. За целосна независност од европските пазари и ценовни шокови, планирани се инвестиции во нови производствени капацитети. Тука влегуваат проектот „Битола 3“, ревитализацијата на хидроелектраните и изградбата на ветерниот парк со 55 ветерници, кои треба да го зголемат домашниот енергетски потенцијал.
Колкав ќе биде ефектот зависи од повеќе фактори, како берзанските движења, можностите за увоз и извоз, трошоците за производство и снабдување, како и состојбата на електроенергетскиот систем. Сушниот период и тоа како влијае врз секторот.
Конечната одлука за цената што ја плаќаат домаќинствата, ја има Регулаторната комисија за енергетика. Владата отвора можност за намалување до 10%, но за тоа е потребно време. Планирани се нови инвестиции во енергетиката за пониски сметки за струја и поголема независност.
Борис Грујоски
