Властите во Мадрид убедени дека референдумот за независност на Каталонија нема да успее

29.09.2014 13:33

Вонреден состанок на Владата на Мадрид поради најавата за референдум за независност на шпанската покраина Каталонија. Властите на овој регион на чело со Претседателот Артур Мас викендов го потпишаа декретот за отцепување од Шпанија и за одржување референдум на 9-ти ноември по примерот на Шкотска. На итната седница свикана од шпанскиот премиер Маријано Рахој ќе се достави барање до Уставниот суд, кој треба да одлучи дали овој чин за поделба на земјата е уставен.

Властите во Мадрид се убедени дека овој референдум нема да се одржи за што предупреди вицепремиерот на Шпанија.

„Никој не е над националната волја на шпанскиот народ. Длабоко жалиме поради потегот на претседателот Мас кој го сметаме за грешка. Тоа ќе ги подели Каталонците и ќе ги оддалечи од Европа“, рече Сораја Саес де Сантамарија, вицепремиер на Шпанија.

Одбивањето на Мадрид да се одржи овој референдум налути многу Kаталонци, дури и тие што се за останување во Шпанија. Анкетите покажуваат дека повеќето Каталонци го поддржуваат референдумот, но поделени се по прашањето за независноста. Поддршката за независнот опаѓа по прашањето дали се за независна Каталонија надвор од ЕУ. Доколку Уставниот суд одлучи дека референдумот е неуставен, единствено што му преостанува на Премиерот на Каталонија Артур Мас е да распише вонредни избори. Според медиумите Мас е под притисок на сепаратистичките коалициски партнери да опстане на референдумот дури и ако биде прогласен за незаконски. Аналитичарите пак сметаат дека овој процес би завшил со преговори меѓу Каталонија и Владата на Мадрид за поголема фискална децентрализација.