Финансии

Построги проверки за лиценци за казина и обложувалници

22.08.2026 19:23

Министерството за финансии воведува конкретни услови за проверка на интегритетот, репутацијата и потеклото на средствата на лицата и компаниите кои бараат лиценца за приредување игри на среќа. Мерката е дел од спроведувањето на новиот Закон за игрите на среќа.

Министерството за финансии донесе правилник со кој се воведуваат конкретни услови за проверка на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите кои бараат лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола.

При поднесувањето на барањето ќе се проверува дали на лицата им биле изречени забрани за вршење професија или за приредување игри на среќа, како и други санкции и околности што можат да влијаат врз нивното учество во оваа дејност.

Правилникот е дел од спроведувањето на новиот Закон за игрите на среќа, а Министерството најавува подготовка и на останатите потребни правилници.