Шестмина приведени во акции за дрога, меѓу нив и три малолетни лица
Шест лица се приведени во одделни полициски акции во Скопје, Куманово, Кочани и Тетово. Во акцијата во Тетово, службените кучиња откриле импровизирана работилница за пакување дрога, каде биле затекнати тројца малолетници, двајца на возраст од 16 години.

Шест лица, меѓу кои две малолетни, биле приведени во одделни полициски акции во Скопје, Куманово и Кочани, а против жител на Прилеп е поднесена кривична пријава откако во неговиот дом биле пронајдени стебла канабис.
Полициските „Тигри” ја воделе акцијата во Тетово, а службените кучиња детектирале дрога во импровизирана работилница за пакување каде на лице место биле фатени двајца тинејџери од по 16 години и еден помлад малолетник.
Била пронајдена бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги, како и кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода. Ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
