Македонија

Зголемен интензитет на сообраќајот, на Табановце се чека до 40 минути

23.08.2026 09:44

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.

На граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и излез од државата, додека на ГП Богородица времето на чекање за излез изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања.

Автомото сојузот на Македонија апелира на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците каде постои можност од одрони.