Јапонија

Најмалку 37 лица повредени во земјотресот кај Токио

23.08.2026 10:38

Јапонската метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од одрони поради обилните врнежи во погоденото подрачје.

Најмалку 37 лица се повредени во земјотрес со интензитет од 5,9 степени што рано утринава го потресе подрачјето околу Токио. Нема информации за значителна материјална штета, но се регистрирани нарушувања во железничкиот сообраќај.

Јапонската метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од одрони поради обилните врнежи во погоденото подрачје.

Властите предупредуваат и на можност за силни последователни потреси во наредните денови.