Лишен од слобода Полјак кој возел 164 км/ч на Табановце, двојно над дозволената брзина
На 22 август околу 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска.

46-годишен државјанин на Полска е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако системот „Безбеден град“ регистрирал дека возел со 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 км/ч.
На 22 август околу 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј. (46) од Полска.
При проверката било утврдено дека тој е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
М.Ј. е лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
