Македонија

Расте бројот на деца со аутизам, расте и потребата од дефектолози и психолози

23.08.2026 13:27

Според СЗО едно од сто деца има нарушување од аутистичен спектар. Македонија сè уште нема регистар на лица со аутизам, но факт е дека нивниот број расте, а расте и потребата од стручен кадар во градинките, училиштата и центрите за аутизам. Дефектолозите и психолозите се дефицитарен кадар.

Не е познат бројот на лица со аутизам во Македонија, сè уште не постои централен и ажуриран регистар заради што институциите немаат прецизна слика колку лица и семејства се засегнати со оваа состојба. Она што е видливо е дека бројот на децата со аутизам е во пораст.

Придонесот на оваа фондација е во опремување на сензорна соба во Центарот за аутизам во Штип, каде еден дефектолог и еден логопед работат со десеттина лица. Центарот има потреба од дефектолози.

Во Центарот за вработување во Штип нема ниту еден дефектолог или психолог, а потреба за вработување освен Центарот за аутизам, има и во градинките и во основните училишта.

Славица Величковска