ТРЕНДОВИ ВО ИСХРАНАТА

Кога здравата навика станува ризик

23.08.2026 14:48

Сакаме брз резултат, па гладуваме, прескокнуваме оброци и исфрламе цели групи намирници. Кето и фастингот стануваат сè попопуларни, но каде завршува здравиот режим, а каде почнува ризикот? Лекарите и нутриционистите со совет – здравјето треба да биде целта, а слабеењето последица.

Нови трендови во исхраната. Брзи решенија за слабеење. Се повеќе граѓани применуваат кето диета, фастинг или изгладнување, исфрлање на одредени намирници, различни режими. Истите имаат придобивки, но доколку се применуваат неконтролирано, можат сериозно да го загрозат здравјето. Доктор Стефановски предупредува дури и здравите намирници, не се без ризик, ако се консумираат прекумерно.

„Важен е балансот, разновидноста, и умереност на здравата храна. Кето диета претставува диета која е замена на јаглехидратите со мастите. Во тој случај подобро е да внесуваме незаситени масти коишто се многу потребни на организмот, бидејќи зголеменото ниво на заситени масти ќе биде проблем. Фастингот коешто е временски ограничено внесување на калории исто така е добро за организмот но потребно е со тој процес да се води со стручно лице“, изјави д-р Никола Стефановски, ургентен центар Куманово.

Наглите промени во исхраната укажува може да предизвикаа дигестивни проблеми. Понекогаш се јавува гадење, повраќање, промени во столицата, дијареја. Фитнес тренерите и нутриционистите пак појаснуваат универзална диета нема. Планот на исхрана е индивидуален. Но слабеењето не треба да се поистоветува со гладување. Прескокнувањето оброци и строгото исфрлање на намирници, може да даде краткорочен резултат, но не и одржливи навики.

„Многу луѓе кога сакаат да ослабнат веднаш започнуваат со строги диети, исфрлувањето на намирници, изгладнување, но сепак здравата диета не значи и гладување. Најдобро е правилна, избалансирана исхрана, доволен внес на протеини, квалитетни намирници, и благ калориски дефицит за да немаме никаков проблем во понатамошно ослабнување“, посочи фитнес тренерот и нутриционист од Куманово, Марио Петровски.

Покрај исхраната, важна улога има и физичката активност. Порака е здравјето да биде целта, а ослабнувањето последица.

Елена Георгиевска