Трамп ја обвини Канада за „огромни царини“, Отава најави контрамерки
Канада веднаш возврати и најави воведување царини за увоз од САД во повеќе сектори, кои треба да стапат во сила од 8 септември.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Канада дека со години наплаќа високи царини за американските земјоделски производи, додека Вашингтон воведе царини од 50 проценти за канадски производи во вредност од 20 милијарди долари.
Канада веднаш возврати и најави воведување царини за увоз од САД во повеќе сектори, кои треба да стапат во сила од 8 септември.
Канадскиот премиер Марк Карни оцени дека американските услови биле „неекономични и неправедни“ и ги поткопувале нето-придобивките за Канада.
„Тие побараа премногу, а понудија премалку. Сега, Канада ќе ги усогласи новите царини долар за долар за да ги заштити канадските работници, земјоделци, семејства и бизниси“, порача Карни.
Новата ескалација дополнително ги заострува трговските односи меѓу двете соседни земји.
