Здравје

Новите трендови на исхрана станаа секојдневие

23.08.2026 15:55

Постарите практикуваат сезонски, локални намирници и традиционални јадења, додека помладите, кои водат грижа за сопствениот изглед и практикуваат различни физички активности, се наклонети кон модерните светски трендови. Нутриционистите, пак, советуваат да се користат сезонски и локални намирници.

Некогаш трпезата изобилуваше со домашно подготвена храна, по традиционални рецепти, сезонско овошје и зеленчук. Денес навиките се менуваат. Чиа семе, авокадо, киноа, протеински производи, растителни млека и различни режими на исхрана стануваат дел од секојдневието.

Разликата во навиките е очигледна. Повозрасните почесто се потпираат на традиционалната домашна храна, додека кај младите изборот е поврзан и со изгледот и физичката активност, па сè почесто посегнуваат по скапи и егзотични „суперхрани“ кои не потекнуваат од нашето поднебје.

Нутриционистите советуваат. Сезонските и локалните производи треба да имаат значајно место во исхраната. Имаме прекрасен избор на овошје и зеленчук, мешунки, житарици, млечни производи, јајца, јаткасти плодови и други традиционални намирници. Не ни се потребни скапи и егзотични производи за да имаме здрава исхрана.

Често имаме комбинација од храна, преку која внесуваме многу калории, а истовремено имаме недостаток на влакна, витамини, минерали и квалитетни протеини. Затоа правилната исхрана не значи да јадеме помалку, значи да научиме што избираме, во колкава количина и како правилно да ги комбинираме намирниците.

Александра Максимовска