МВР
Две лица повредени во пукање во Арачиново
23.08.2026 18:24
Според информациите од МВР, истрелите биле испукани од возило „шкода“, во кое биле 34-годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И.

Две лица се повредени откако утрово било пукано во патничко возило во Арачиново. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен околу 5:45 часот во СВР Скопје, откако на улицата „18“ биле слушнати истрели од огнено оружје.
Според информациите од МВР, истрелите биле испукани од возило „шкода“, во кое биле 34-годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И.
Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
