Кривичен суд

Почнува судењето за „Лотарија“ против Артан Груби и уште седуммина обвинети

24.08.2026 08:32

Денеска треба да почне судскиот процес против екс вицепремиерот Артан Груби, обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот со Државната лотарија.

Денеска треба да почне судскиот процес против екс вицепремиерот Артан Груби, обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот со Државната лотарија.

Заедно со седуммина обвинети меѓу кои и поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски и поранешниот прв човек на лотарија Прпарим Бајрами се товарат за кривично дело со кое го оштетиле буџетот за повеќе од осум милиони евра со незаконска набавка на видео лотариски терминали.

Според Обвинителството биле свесни дека лотарија нема право да приредува електронски игри на среќа на овие апарати а започнале тендерска постапка вредна стотици милиони евра.