Украина

Продолжува поддршката од САД за Украина

24.08.2026 10:28

Американски претставници и поранешни лидери изразија поддршка за Украина на форум во Киев по повод 35-годишнината од независноста на земјата.

Американски претставници и поранешни лидери изразија поддршка за Украина на форум во Киев по повод 35-годишнината од независноста на земјата. Според нив, од „витален национален интерес“ на Соединетите Американски Држави е да продолжат да ја поддржуваат Украина за „победа и одбрана од руската инвазија“.

„Пред 35 години, ја избравте слободата. Денес ја браните. Независноста на Украина не е подарок. Тоа е ветување што го одржуваат секој маж и жена кои стоеле кога тоа било најважно“, изјави Кит Келог-специјален пратеник на претседателот на САД за Украина и Русија.

„Во витален национален интерес на Соединетите Американски Држави е да продолжат да ѝ обезбедуваат на Украина поддршка што ѝ е потребна за да ја победи и одбие руската инвазија“, изјави Мајк Пенс-поранешен потпретседател на САД.

И лидерите од нордиските и балтичките земји ветија континуирана воена и финансиска поддршка за Украина. Зеленски рече дека фокусот е на зајакнување на одбраната од балистички ракети, подготовка за предизвици во текот на претстојната зима и обезбедување средства за одбранбените потреби на земјата.