Блиски Исток

Доаѓа економски ден „д“ за Иран, предупреди американскиот министер за финансии

24.08.2026 14:52

Бесент денеска ќе одржи прес-конференција, каде што се очекува да открие детали за кампањата на економски притисок на Соединетите Американски Држави врз Техеран.

Американскиот министер за финансии предупреди дека „доаѓа економски ден Д“ за Иран. Бесент денеска ќе одржи прес-конференција, каде што се очекува да открие детали за кампањата на економски притисок на Соединетите Американски Држави врз Техеран. Високиот шеф за безбедност на Иран пак, се закани дека ќе го запре протокот на нафта од Ормускиот теснец доколку некоја соседна земја се придружи на економските мерки на САД.

„Секоја земја што ќе учествува во наметнување економски ограничувања врз нас ќе се смета за непријател. Секако, прво ќе преговараме со таа земја. Ќе одржиме состаноци и ќе им кажеме да се повлечат и да се дистанцираат од сад. Ако не го сторат тоа, ќе удриме. Ќе ги таргетираме интересите на таа земја“, изјави Мохсен Резаи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност.

Постојат знаци на растечки разлики во рамките на иранското раководство. Претседателот на Иран рече дека Техеран „не може да продолжи со војната засекогаш“ и го бранеше договорот постигнат со САД во јуни.