Венецуела
Поплави во Каракас, се трага по исчезнати лица
24.08.2026 16:31
Неколку лица се водат како исчезнати поради обилните врнежи што предизвикаа катастрофални поплави во Венецуела ...

Неколку лица се водат како исчезнати поради обилните врнежи што предизвикаа катастрофални поплави во Венецуела. Пребарувачките операции беа прекинати вчера вечерта поради повремени дождови и се очекува продолжат денеска.
Властите соопштија дека обилните врнежи се поврзани со тропскиот бран, кој се движеше низ целата земја во текот на викендот.
Владата го активираше националниот систем за цивилна заштита откако поплавите го погодија Каракас и други делови од земјата.
