Култура

„Така пишуваше Илинка“ – „МакеДокс“ со омаж за филмолошкото дело на Илинденка Петрушева

24.08.2026 09:03

Во Сули ан викендов се одржа специјален настан посветен на филмологот и филмска критичарка Илинденка Петрушева, на кој нејзини блиски соработници и наследници се потсетија на нејзиниот придонес во македонската филмска култура.

Во рамките на 17 „МакеДокс“ се одржа разговорот „Така пишуваше Илинка“, посветен на Илинденка Петрушева (1944–2025), една од најзначајните македонски филмолози и филмски критичарки.

За нејзиното дело и влијанието врз македонската филмска култура зборуваа Влатко Галевски, Саша Дукоски, Петар Волнаровски и Русе Арсов. Беше истакнат нејзиниот придонес во зачувувањето на историјата на македонскиот филм, развојот на аматерскиот филм и долгогодишната работа со списанието „Кинопис“.

На крајот од разговорот, на филмскиот критичар Влатко Галевски му беше врачена Наградата на „МакеДокс“ за особен придонес во филмската уметност. Вечерта заврши со проекција на краткометражниот филм „Кино Мортус“ на Ивана Цветковска.

Седумнаесеттиот „МакеДокс“ се одржува до 27 август на повеќе локации во Скопје.