Јапонија

Уште еден земјотрес го потресе северниот остров Хокаидо во Јапонија

24.08.2026 11:46

Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе северниот остров Хокаидо, откако земјотрес со ист интензитет го потресе источниот дел на земјата, вклучувајќи ја и областа на Токио.

Јапонија повторно се соочува со силно тресење на тлото, помалку од еден месец по разорниот земјотрес во Кумамото. Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе северниот остров Хокаидо, откако земјотрес со ист интензитет го потресе источниот дел на земјата, вклучувајќи ја и областа на Токио.

Пријавени се најмалку 37 повредени лица. Јапонската метеоролошка служба претходно предупреди на зголемен ризик од одрони, бидејќи подрачјето било зафатено од обилни врнежи, како и на можност за силни последователни потреси наредните денови.