Тенис

Гоф ја освои титулата во Синсинати, Пегула немоќна во американското финале

24.08.2026 09:20

Коко Гоф ја победи сонародничката Џесика Пегула со 6:2, 6:4 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Синсинати. За 22-годишната Американка ова е 12. титула во кариерата и втора во Синсинати.

Коко Гоф триумфираше во Синсинати по убедливата победа над третопласираната во светот Џесика Пегула. Мечот траеше еден час и 14 минути.

Четвртата тенисерка на ВТА-листата одигра одличен меч и реализираше пет од шесте брејк-топки. Пегула, пак, искористи две од две можности за одземање на сервисот.

За Гоф ова е прв трофеј во 2026 година, 12. во кариерата и четврти од категоријата ВТА 1000. Таа вторпат го освои турнирот во Синсинати, по триумфот во 2023 година. Со вториот трофеј се приклучи на Серена Вилијамс и Викторија Азаренка како единствени тенисерки со повеќе титули во Синсинати.

Триумфот доаѓа непосредно пред почетокот на Отвореното првенство на САД, кое стартува на 30 август.