МВР: Без задржувања на Табановце, возилата со прекршоци се задржуваат до пет минути
Од МВР посочуваат дека со воведувањето на системот „Безбеден град“ и можноста за електронско плаќање преку апликацијата, постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци е значително олеснета и забрзана.

Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути за регулирање на обврската.
Од МВР посочуваат дека со воведувањето на системот „Безбеден град“ и можноста за електронско плаќање преку апликацијата, постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци е значително олеснета и забрзана.
И покрај дополнителните проверки и регулирањето на обврските, одвивањето на сообраќајот на Табановце во моментов е непречено.
