Водовод

Водата за пиење во Скопје безбедна, сите 412 анализирани примероци ги исполнуваат условите

24.08.2026 10:48

Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа од 47 мерни места во Скопје.

Сите анализирани примероци вода за пиење во Скопје се безбедни и одговараат на законски пропишаните стандарди, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“.

Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа од 47 мерни места во Скопје.

Според добиените резултати, сите 412 примероци одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека извештајот е објавен со цел граѓаните да бидат навремено и редовно информирани за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.