Пожар целосно пеплоса куќа во Шуто Оризари

29.09.2014 13:56

Се уште не се познати причините на пожарот. Истрагата треба да покаже дали е подметнат или пак причина е дотраената инсталација...

Целосно изгоре куќа во Шуто Оризари. Повредени нема. Пожарот избувнал изутрината околу 9 часот. Куќата се наоѓа на улицата Галичица, во близина на пазарот. Жителите иако во паника, веднаш почнале да го гаснат огнот и ја повикале пожарната.

„Многу лоша слика, димови имаше на секаде, запелни беа некои штетни работи, хемикалии.“

„Ние комшиите почнавме со кофи и црево да гасиме“, велат жителите на Шуто Оризари.

По примениот повик противпожарната бригада веднаш интервенирала.

„Со самото пристигнување на лице место веднаш се интервенира и не се дозволува проширување на пожарот на соседните објекти. Треба да се напомене дека во самиот објект нема сопственици, од што е настанат пожарот официјална информација ќе се добие од СВР“, рече Благоја Менковски, командант на противпожарна бригада – Скопје.

Материјалната штета ќе биде утврдена по увидот од полицијата.

Командантот на противпожарната бригада со апел до возачите, да отстапуваат место, за да може полесно и побрзо да се дејствува.

„Би ги замолил учесниците во сообраќајот, штом противпожарните возила се движат по главната улица или во било кој од останатите коловизи да ни дадат предност. Имаме потешкотии до пристигнување на самиот објект, штом пристигнеме си ја завршуваме работата“, вели Благоја Менковски, командант на противпожарна бригада – Скопје.

Се уште не се познати причините на пожарот. Истрагата треба да покаже дали е подметнат или пак причина е дотраената инсталација.

Наташа Гркова-Петрушевска