Од полноќ поскапуваат горивата
„Еуросупер БС-95“ од утре ќе чини најмногу 93 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ до 95 денари. Најголемо зголемување има кај дизелот, чија максимална цена се зголемува за 3,50 денари и ќе изнесува 101,50 денари за литар.

Од полноќ се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата во просек поскапуваат за 2,62 отсто.
„Еуросупер БС-95“ од утре ќе чини најмногу 93 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ до 95 денари. Најголемо зголемување има кај дизелот, чија максимална цена се зголемува за 3,50 денари и ќе изнесува 101,50 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари, на 100,50 денари за литар, додека мазутот ќе се продава по максимална цена од 45,576 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека корекцијата се должи на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Притоа нагласуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.
