Загреб за фајнл-фор и за Кале
29.09.2014 13:56
Досега одиграле многу големи натпревари како во лигата на шампионите така и во Сеха, но секој следен е предизвик поголем од претходниот. Одново на мегдан Вардар и Загреб, бранителот на трофејот во регионалното натпреварување против екипата од која го загуби финалето пред две сезони за три од три во Сеха.

Досега одиграле многу големи натпревари како во лигата на шампионите така и во Сеха, но секој следен е предизвик поголем од претходниот. Одново на мегдан Вардар и Загреб, бранителот на трофејот во регионалното натпреварување против екипата од која го загуби финалето пред две сезони за три од три во Сеха.
Во новата амбициите на двата состава се исти. Што подалеку во елитната лига и настап на турнирот на најдобрите 4 во регионот, но утрешниот дуел дополнително добива на тежина. Загреб доаѓа на крилата на големиот триумф против Кил, но уште повеќе, доаѓа предводен од Веселин Вујовиќ-тренерот кој остави длабока трага во црвено-црната ракометна историја.
„Важен натпревар, потребни ни се трите бода, можеби за отсега обезбеден настап на фајнл-фор турнирот, ако се има предвид дека го победивме Металург, ако славиме и против Загреб многу работа ќе биде завршена“-вели раул Гонзалес-стратегот на вардарци.
Вардарци се свесни дека уште ја немаат посакуваната игра, но дека се голем клуб покажаа со стартната победа над Цеље во Лигата на шампионите,иако според Игор Карачиќ имале и многу среќа:
“Драго ми е што на крај победивме во Цеље, иако не ја заслуживме победата.Добро е што покажавме карактер, но им останавме должни на навивачите. Со Загреб имаме добар биланс, но сега приказната е поинаква, утре доаѓаат со нашиот поранешен тренер, во голем налет по победата над Кил. Сепак пред нашата публика во Кале мислам дека ќе ги освоиме бодовите“.
А токму ракометниот храм Кале, утре можеби ќе биде сведок на последниот голем натпревар по најавата дека веќе следниот вардарци ќе го играат во новиот спортски центар Јане Сандански, додека салата во која македонскиот спорт ги бележеше најголемите успеси ќе им биде отстапена на помладите категории. Мотив повеќе Кале утре да биде полно, уште еднаш да проработи вулканот , да се почувствува атмосверата од која ве лазат морници. Навивачите , а и вардарци тоа му го должат на Кале.
За сите други Вардар-Загреб на првиот програмски сервис утре од 20 часот и 15 минути.
