Нови политички обвинувања меѓу власта и опозицијата
Нови политички обвинувања меѓу власта и опозицијата околу предвремените избори. Филипче тврди – власта ќе оди на избори кога ќе нема од каде да позајмува пари. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија на обвинувањата.

СДСМ е целосно подготвена за предвремени избори во секое време, но нема да му служи како политичко алиби на премиерот Христијан Мицкоски, изјави лидерот Венко Филипче. Готов е мастерплан и договор со граѓаните за изборите, рече Филипче. Посочи дека СДСМ е отворена за соработка со сите опозициски партии за настап на изборите, а ги покани и левица, доколку се откаже од анти НАТО и анти ЕУ ставови.
Мицкоски оцени дека предвремени избори не се потребни, дека граѓаните очекуваат реформи, но ако опозицијата инсистира ќе има избори и повторно ќе победат. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека лидерот на СДСМ Филипче се спасил од гонење откако ОЈО-ГОКК го затвори случајот модуларни болници.
За избори се начелно и ДУИ и „Левица“, но со самостоен настап.
Ирина Гелевска
