МВР
Германски државјанин уапсен на Табановце, во возилото пронајдена марихуана
24.08.2026 15:47
Случајот се случил вчера во 11:30 часот, кога К.Г. при влез во државата бил запрен за контрола. При прегледот на возилото била пронајдена марихуаната.

27-годишен германски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако при контрола во неговото возило полицијата пронашла и одзела марихуана, соопшти МВР.
Случајот се случил вчера во 11:30 часот, кога К.Г. при влез во државата бил запрен за контрола. При прегледот на возилото била пронајдена марихуаната.
Лицето било спроведено во СВР Куманово. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
