Се реновира одделот каде престојуваат породените мајки на ГАК – клиниката работи без застој
Од клиниката појаснуваат дека дел од пациентките се сместени на одделението за пуерпериум, додека дел се префрлени на друго одделение, согласно претходно утврден план за ротација.
Одделот за пуерпериум, каде престојуваат породените мајки на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во моментов се реновира, но работата на клиниката продолжува со вообичаена динамика и без застој, информираат од ГАК.
Од клиниката појаснуваат дека дел од пациентките се сместени на одделението за пуерпериум, додека дел се префрлени на друго одделение, согласно претходно утврден план за ротација.
Сите здравствени услуги за пациентките се обезбедуваат навремено и без прекин, велат од клиниката.
Од ГАК посочуваат дека реновирањето е дел од активностите за подобрување на условите за престој на пациентките, а градежните зафати се уредно пријавени и се изведуваат согласно пропишаните протоколи.
