МВР

10 возачи лишени од слобода за безобѕирно управување, меѓу нив и двајца малолетници

24.08.2026 18:04

Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета, додека друг бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.

Десет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради „безобѕирно управување возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Девет од нив возеле без возачка дозвола, а двајца биле малолетници.

Еден од возачите предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета, додека друг бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, за време на изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.