Здравство

Клековски во посета на Инфективната клиника, досега потврдени 44 случаи на западнонилска треска

24.08.2026 16:02

Клековски денеска ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде изврши увид во болничките капацитети, кадровската опременост и лабораториските реагенси за дијагностика.

Во земјава досега се потврдени 44 случаи на западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а поголем дел се со невроинвазивна форма на болеста, информираше министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски денеска ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде изврши увид во болничките капацитети, кадровската опременост и лабораториските реагенси за дијагностика.

Тој посочи дека здравствениот систем е подготвен за справување со епидемијата и дека здравствените работници ја имаат целосната поддршка.

Од почетокот на епидемијата досега, 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, а денеска се очекува да бидат отпуштени уште четворица. Пет лица починале.

Клековски апелираше граѓаните при појава на висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви веднаш да се јават кај матичниот лекар.