Економија

Сиљановска-Давкова на средба со Славески: Економијата е стабилна, внимателно да се следат цените

24.08.2026 19:15

На средбата биле разгледани последиците од глобалните финансиски и енергетски движења врз индустријата, трговијата и градежништвото. Според Славески, економијата е стабилна и бележи солиден раст, но потребно е внимателно следење на увозната зависност и движењето на цените на храната и енергијата.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, со кого разговарала за макроекономските показатели и влијанието на глобалните економски и геостратешки трендови врз македонската економија.

На средбата биле разгледани последиците од глобалните финансиски и енергетски движења врз индустријата, трговијата и градежништвото. Според Славески, економијата е стабилна и бележи солиден раст, но потребно е внимателно следење на увозната зависност и движењето на цените на храната и енергијата.

Сиљановска-Давкова и Славески се согласиле дека стручните и компетентни кадри се од особено значење за успешно функционирање на Народната банка и одржување на финансиската стабилност. Гувернерот до Собранието доставил предлог за избор на трет вицегувернер.

Макроекономската стабилност и стабилен финансиски систем, како што посочува Сиљановска-Давкова, остануваат приоритет за економскиот напредок на државата.