Македонија

Степенот на заштита од западнонилска треска подигнат и во Струмица

24.08.2026 18:17

Во Струмица и регионот нема регистрирано заболен од западнонилска треска, но и таму степенот на заштита е зголемен. Граѓаните користат спрејови и креми, а општината деновиве ќе спроведе шесто третирање против комарци.

Нема регистрирано случај на заболен од западнонилска треска во Струмичко, но значително е подигнат степенот на претпазливост кај струмичани. Тврдат дека има комарци во регионот и користат средства за заштита кои низ струмичките аптеки и не се така евтини. Цената на репелентните, односно стик, спреј, крем за кожа се движи од 400 до 500 денари. Но, без нив навечер не се може надвор, велат струмичани.

Освен дома и во земјава, заштитни средства против комарци да користат и патници кои патуваат во трети земји и предели каде има појава на болест. Со раното дијагностицирање и навремен третман, може да се спречи појава на тешка форма на болеста.

Дезинсекцијата во Струмица против комарци се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Досега пет пати е прскано во југоистокот против комарци, со исклучок на Гевгелија, Богданци и Дојран.

Претстојните денови во југоистокот ќе има ларвидична дезинсекција против комарци. Во Струмица ќе се прска на 27 август и тоа на 20 хектари – локации кои се погодни за развој на ларви од комарци.

Ване Трајков